Пораст на инфлацијата во САД на почетокот на годината

23

Инфлацијата во САД во текот на јануари оваа година порасна за 0,3%, на што најголемо влијание има растот на цената на енергентите.

Иако ова е најголем месечен пораст на потрошувачките цени од јули, американската инфлација на годишно ниво во јануари остана на исто ниво од 1,4%.

Јануарското забрзување на инфлацијата, најголемо од јули минатата година, кога потрошувачките цени пораснаа за 0,5% по делумното укинување на рестриктивните мерки, доаѓа по благиот пораст од по 0,2% во ноември и декември.

Базната инфлација, од која што се изземени цените на храната и енергијата, исто така во јануари остана непроменета на ниво од 1,4%.

Фото: Freepik