Пораст на продажбата на чипови во 2020 година

21
Closeup of electronic circuit board with CPU microchip electronic components background

Светската продажба на полуспроводници лани е зголемена за 6,5%. Глобалните приходи од нивна продажба минатата година достигна 439 милијарди долари.

Приходите на американските производители на чипови изнесува околу 208 милијарди долари или околу 47% од глобалната продажба. Само во САД, продажбата на чипови порасна за 20%.

Значаен дел од продажбата во САД отпаѓа на најсофистицирани чипови што се користат во центри за податоци. Американските технолошки компании, како што се Amazon, Microsoft и Google во 2020 година имаа драматичен раст на побарувачката за услуги во облак, бидејќи бројни компании се прилагодуваа на новиот начин на работа од дома.

Фото: Freepik