Пораст на продажните цени на индустриски производи на домашен пазар

65

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во ноември оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно и за 1,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2020, во споредба со октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%.

Во ноември 2020, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 5,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.

Фото: Freepik