Пораст на продажните цени на индустриски производи во јануари

29

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јануари оваа година, на месечно ниво се повисоки за 2,2% и 3,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 2,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,5%.

Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4,4%.

Фото: Pexels