Прометот во индустријата, во март оваа година во однос на истиот период лани, бележи пораст од 13,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 16,7%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 27,7%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 0,6%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14,4%.
Според главните индустриски групи, прометот во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи
пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,4% и Капитални производи за 57,2%, додека
опаѓање бележи кај Енергија за 94,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 12% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 2,2%.
Прометот во индустријата во март оваа година, во однос на претходниот месец бележи пораст од 14,5%,
додека во периодот јануари-март оваа година, во однос на истиот период лани, се зголемува за 11,4%.