Пораст на трошоците на живот и цените на мало во август

27

Трошоците на живот во август оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, а кај цените на мало има зголемување од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 6,4%, маслото и маснотиите за 1,6%, другите преработки од месо за 0,9%, свежото и разладеното овошје, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7%, месото за 0,6%, рибата и морските плодови за 0,5%, лебот и житата, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,4%, јогуртот за 0,3%, млекото, другите прехранбени производи за 0,2%.

Во август 2019 година, пораст на трошоците на животот, исто така, е забележан и кај туристичките пакет аранжмани за 4,1%, авионскиот превоз на патници за 4%, услугите за одржување на станот за 3,3%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 3,1%, услугите за сместување за 2,8%, парамедицинските услуги за 1,1%, цврстите горива за домаќинствата за 1%, домашните миленици и сродни производи, услугите за лична хигиена за 0,9%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,7%, средствата за чистење и одржување на станот за 0,6%, мебелот и покуќнината за 0,5%, течните горива за домаќинствата, другите лични предмети за 0,4%, услугите за одржување и поправки на станот, теписите и другите покривки за под, големите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 0,3%.

Намалување на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за  1,1%, јаjцата за 0,4%, сувото овошје и јаткастите производи, безалкохолните пијалаци за 0,3%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 6,4%, гасот за домаќинствата за 4,3%, информатичката опрема за 2,7%, обувките за 2,5%, услугите за рекреација и спорт за 2%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,6%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,1%, телефон и телефакс-опремата за 0,9%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,5%, конфекцијата за 0,4%, малите електрични апарати за домаќинствата, лековите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,2%.

Трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со август 2018 година, бележат пораст од 0,8%, а цените на мало се на исто ниво како и минатиот месец.

Фото: Pixabay