Пораст на трошоците на живот и цените на мало во јули

27

Трошоците на живот во јули оваа година, во однос на претходниот месец, бележат зголемување од 0,2%, додека кај цените на мало има зголемување од 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4,8%, маслото и маснотиите за 2,1%, лебот и житата за 1,7%, другите млечни производи за 0,6%, житата за 0,4%, трбушките, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи за 0.3 %, месото, свежата и разладената риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, другите прехранбени производи за 0,2%.

Во јули 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај  авионскиот превоз на патници за 25,4%, информатичката опрема за 7,8%, туристичките пакет-аранжмани за 4,7%, услугите за сместување за 2%, автомобилите за 1,5%, велосипедите за 1,3%, другите медицински производи за 0,7%, лековите за 0,5%, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,4%, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите покривки за под за 0,3%, средствата за чистење и одржување на станот, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 7%, другите пекарски производи за 0,3% и јајцата за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 13,7%, гасот за домаќинствата за 4,1%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,6%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,4%, обувките за 1,2%, градините, растенијата и цвеќињата за 1,1%, течните горива за домаќинствата за 1%, ткаенините, книгите за 0,8%, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,4%, телефонските и телефаксапаратите и телефонските и телефакс-услугите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,3%.

Трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со јули 2018 година, бележат пораст од 0,8%, а кај цените на мало има пораст од 0,7%.

Фото: Pixabay