Трошоците на живот и цените на мало во ноември, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Порастот на трошоците на животот од 0,1% во ноември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките цени на свежиот зеленчук за 7,5%, јајцата за 1%, другото месо и преработките од млеко за 0,7%, свежата риба и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4%, конзервираното овошје за 0,3% и другите млечни производи за 0,2%.
Исто така, пораст на трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај телефоните и факс-апаратите за 6,3%, болничките услуги за 4,9%, информатичката опрема за 3,5%, другото образование за 1,9%, обувките и дисковите, касетите, дискетите, ЦД-та, филмовите за 1,7%, мебелот за 1,1%, средствата за лична хигиена за 0,9%, другите услуги неспоменати на друго место за 0,7%, гасот за домаќинствата за 0,6%, облеката и стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,3%, материјалите за одржување и поправки на станот, услугите за одржување и поправки на станот, цврстите горива и електричните апарати – мали за домаќинствата за 0,2%.
Намалување на трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото овошје за 11,9%, конзервираната риба за 1,5%, маслото и маснотиите за 1,2%, сувото овошје за 0,8%, конзервираниот зеленчук и свежото млеко за 0,4%, лебот и житарките и другите неспоменати прехранбени производи за 0,3%.
Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано кај опремата за спорт и кампирање за 1,7%, авионскиот превоз на патници за 1,5%, лековите за 0,8%, течните горива за домаќинства за 0,5%, течните горива и мазива за 0,3% и средствата за чистење и одржување на станот за 0,2%.
Трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, бележат намалување за 0,3%, а цените на мало се пониски за 0,8%.