Пораст на трошоците на живот за 0,3%

31

Трошоците на живот и на цените на мало во мај оваа година, во однос на претходниот месец, бележат пораст од 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот на индексот на трошоците на животот од 0,3% во мај 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 3,5%, другите пецива за 2%, свежиот зеленчук за 1,5%, конзервираната риба за 1,2%, сувото овошје за 0,7%, конзервираните месни производи за 0,5%, преработките од млеко за 0,4%, рибата, шеќер, џем, чоколади и др. кондиторски производи за 0,3% и другите неспомнати прехранбени производи за 2,2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 3,7%, авионскиот превоз на патници за 2,9%, течните горива за домаќинствата за 1,9%, течните горива и мазива за 1,7%, цврстите горива и здравствените услуги за 0,5%.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот во мај 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1,1%, јајцата за 1%, трајните кобасичарски производи за 0,5%, тестенините и безалкохолните пијалаци за 0,3% и алкохолните пијалаци за 0,2%.

Во мај, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај средствата за рекреација и култура за 3%, фармацевтските производи за 0,6% и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 0,2%.

Индексот на трошоците на животот во мај 2014 година, во споредба со мај 2013 година, бележи намалување од 0,6%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,7%.