Пораст на вработувањата во преработувачката индустрија за 8,1% во февруари

4

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 106.8.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи опаѓање од 0,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9%, Капитални производи за 75,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,8%.