Индустриското производство во Европската унија забави во aприл, рефлектирајќи ги проблемите во секторот суровини и полупроизводи, покажува европската статистика.
Индустриското производство во април порасна за 0,5% во споредба со март кога беше 0,8%. Во еврозоната, производството забелeжa пораст од 0,8% во однос на март кога имаше скок од 0,4%.
Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем пораст на индустриското производство има Белгија и тоа за 7,4%. Потоа следат Малта со 5,6% и Естонија со 4,4%.
Од друга страна, најголем пад има индустриското производство во Данска и тоа за 3,8%, по што следат Унгарија со 3,2% и Литванија со 2,4%.
Фото: Freepik











