Пораст од 12,7% на индустриското производство во август

24

Индустриското производство во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено од 12,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 45%.

Според главните индустриски групи, производството во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 39%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1%, Капитални производи за 14,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,6%.

Индустриското производство во периодот јануари – август 2015 година, во однос на периодот
јануари – август 2014 година, бележи пораст од 1,7%.