Пораст од 8% на приходите на Винер осигурување

20

viner-osiguruvanje Винер-Виена Иншуренс Груп во 2013 година забележа пораст на приходите и профитот за 8%. Како што соопштуваат од компанијата, на домашниот осигурителен пазар во изминатата 2013 година со полисирана премија од една милјарда и 414 милиони денари, останува лидер според пазарниот удел во Република Македонија.
“Бројките и резултатите се одлични, како и натфрлените норми по сите параметри кои се вреднуваат како суштествен успех и основа за долгорочна стабилност”, вели генералниот директор на Винер-Виена Иншуренс Груп, Зоран Нарашанов.
Винер-Виена Иншуренс Груп е присутна во 25 земји со над 50 компании и годишни приходи од речиси 10 милијарди евра. Групаницата е присутна во Македонија преку Винер осигурување од 2009 година.