Пораст во користењето на услугите на аеродромите за 17,4%

15

Над милион патници минатата година ги користеле услугите на македонските аеродроми што претставува зголемување за 17,4% во споредба со 2012 година.
“Во Република Македонија е надминат бројот од милион патници. Во 2013 година имавме вкупно 1.590.588 патници. Тоа е добар пораст, можеби најдобар во регионот. Ќе беше уште поголем, но поради временските услови во декември имавме мал пад”, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Во текот на минатата година реализирани се и осум нови дестинации од страна на нискобуџетската компанија Визер, а аеродромот Александар Велики беше прогласен од Меѓународниот аеродромски совет за најдобар аеродром во Европа во категоријата аеродроми до два милиони патници. Меѓу реализираните активности во делот на воздухопловството стапи на сила и Спогодбата за воздушен сообраќај меѓу Македонија и САД.