Уделот на Porsche во Rimac Automobili ќе се зголеми, но нема да биде ни близу до 50% како што информираа некои медиуми, велат од компанијата на Мате Римац за агенцијата Хина.
Германскиот производител ќе учествува во новата рунда финансирање на Rimac Automobili, којашто би требало да собере дополнителни 130 до 150 милиони евра.
Од Rimac Automobili истакнуваат дека со Porsche имаат многу цврсто партнерство што е клучно за компанијата чии погони се наоѓаат во хрватската населба Света Недела.
“Pоrsche е акционер во Rimac од 2018 година со моментални 15,5% сопственост, акумулирани во текот на неколку кругови инвестиции. Вистина е дека разговараме за натамошно проширување на оваа соработка што ќе го зголеми нивниот удел во Rimac Automobili, но некои медиуми погрешно информираа дека Porsche ќе се презеде 50 или скоро 50% од компанијата“, се наведува во одговорот за Хина.
Оттаму додаваат дека се среќни за зајакнување на партнерството со Porsche, но во интерес на двете компании е Rimac Automobili да биде целосно независна компанија.
“Соработуваме со многу автомобилски компании коишто не се наши акционери и постои јасна разлика меѓу акционери и проекти. Нас ни е важно нашите купувачи во индустријата да бидат мерки дека Rimac е независен и постои ‘информативен ѕид’ меѓу проектите и акционерите, не само со Porsche, туку и со Hyundai и останатите и тоа нема да се промени“, нагласуваат од хравтската компанија.
Фото: Facebook