Porsche и група инвеститори преземаат 35 отсто од сопственоста на Flixbus

27

Група инвеститори, во која е и производителот на автомобили Порше, објавија дека преземаат 35 отсто од сопственоста во германската транспортна компанија Фликсбас.

Порше, кој го контролира и германскиот производител на автомобили Фолксваген, наведува дека негови соинвеститори ќе бидат компанијата ЕКТ и инвеститорот Клаус Мајкл Куен, пренесува Ројтерс.

Во јули, ЕКТ најави заедничка инвестиција во 35 отсто од акциите на Flixbus, но потоа го откри само Kuehn како коинвеститор, а не Porsche, пренесува Танјуг.

Според неименуван извор на Ројтерс, споменатата група инвеститори треба да го преземе сопственичкиот удел на Flixbus за повеќе од една милијарда евра, а уделот на Porsche би бил релативно мал во споредба со останатите инвеститори.

Flixbus, чија вредност се проценува на повеќе од три милијарди евра, обезбедува автобуски и железнички транспортни услуги во Европа и автобуски превоз во Северна Америка.