Porsche и TAG Heuer заеднички ќе развиваат производи

19

Познатиот производител на автомобили и часовници, Porsche и TAG Heuer склучија стратешко партнерство со цел иновирање и развој на нови и ексклузивни производи. Во чест на оваа соработка, заеднички претставија нов часовник под името TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph.

“Силното пријателство на нашиот бренд со TAG Heuer постои со децении само што сега преземаме следен чекор во рамки на стратешкото партнерство“, порача Детлев вон Платен, член на извршниот одбор за продажба и маркетинг во Porsche.

Одушевување од соработката покажа и извршниот директор на TAG Heuer, Фредерик Арно.

“Како Porsche и ние сме секогаш во потрага по високи перформанси. Со ова сојузништво, по децении соработка ќе се создаде неспоредливо искуство и производи за купувачите и обожавателите кои се страствени кон нашите брендови и она за што се залагаме“, вели тој.

Фото: Freepik