Поставата на Porsche Taycan наскоро ќе биде проширена откако компанијата објави тизер фотографија со која го најавува новиот член во семејството.
Porsche Taycan семејството наскоро ќе биде проширено, а тоа го најави и германскиот производител со најновиот тизер кој го објави. Иако фотографијата не открива премногу, го прикажува мистериозниот модел веднаш до Taycan 4S, Taycan Turbo и Taycan Turbo S. Исто така, Porsche најавува дека автомобилот пристигнува наскоро.
Германскиот бренд засега останува таинствен кога станува збор за деталите, но сепак очигледно е дека тука не станува збор за Taycan Cross Turismo, туку напротив, нова верзија на седанот.
Тешко е да се претпостави во моментов што Porsche подготвува, но возможно е компанијата да го претстави базичниот модел за пошироката јавност. Како што е веќе познато, базичниот Taуcan беше претставен во Кина минатиот месец и е ексклузивен само за тој пазар.
Доколку тоа е она што Porsche го најавува, тогаш можеме да очекуваме моделот да има електромотор поставен на задната осовина кој испорачува 408 КС. Се очекува да биде напојуван од 79,2 kWh батерија, која овозможува опсег на движење до 414 километри според NEDC циклусот. Доколку тоа не е доволно, опционалниот Performance Battery Plus го зголемува опсегот на 489 километри и овозможува моќност од 476 КС.
Без оглед на тоа која батерија е избрана, двете верзии на базичниот Taуcan забрзуваат од нула до „стотка“ за 5,4 секунди, а максималната брзина изнесува 230 километри на час. Најголемата предност на овој модел, секако, се очекува да биде цената, со оглед на тоа дека базичниот модел во Кина е 23 проценти поевтин во однос на Taycan 4S.
Преземено од Avtoplus.mk