Порше: Благ пад на продажбата во првиот квартал

75

Во првиот квартал од 2022 година, Порше испорача 68.426 автомобили на клиентите ширум светот. Тоа претставува намалување од 5% во однос на претходната година.

„Со оглед на исклучителните околности што влијаат на пошироката автомобилска индустрија, нашите продажни тимови и дилери се покажаа добро во првиот квартал“, вели Детлев вон Платен, член на Извршниот одбор за продажба и маркетинг во Porsche AG.

„Повторното појавување на коронавирусот во некои региони, како што е Кина, не стави на тест, заедно со значителни значајни предизвици во снабдувањето и логистиката. Во исто време, побарувачката за нашите производи меѓу клиентите ширум светот е сè уште висока – тие се подеднакво барани во Европа, Америка и Кина“.