Порше ги објави плановите за електрификација: нови модели на електрични автомобили и сопствена станица за полнење

100

По претставувањето на моделот Taycan, од кој Porsche може да биде презадоволен, германскиот автомобилски гигант сега планира нови чекори кон преминот кон електрични возила. Porsche не сака да заостанува зад конкуренцијата кога е во прашање електрификацијата, а нивните планови вклучуваат не само нови модели на електрични автомобили, туку и развој на сопствена глобална мрежа на станици за полнење.

Што се однесува до автомобилите, два електрифицирани модели на постоечки автомобили треба да бидат во продажба до 2025 година – Macan и Porsche 718.

Од Porsche велат дека нивните станици за полнење не само што ќе бидат места каде што ќе можат да ги полнат батериите на електричните автомобили, туку тие исто така сакаат на своите клиенти да им го обезбедат целокупното премиум искуство на посета на станица за полнење. Покрај бензинските пумпи, имаат намера да отворат и салони во кои додека возилото е приклучено на струја, кафе ќе се пие на удобни каучи или ќе може да се работи. „За нас е важно да се фокусираме не само на електрификацијата на автомобилот, туку и на целокупното корисничко искуство покрај самото возило“, коментира Луц Мешке од Porsche.