Посебниот годишен состанок на WEF во Сингапур поместен за август

22

Специјалниот годишен состанок на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF) во Сингапур, што требаше да се одржи во мај, е поместен и ќе се одржи од 17-ти до 20-ти август, објави WEF.

Одржување на специјалниот годишен состанок беше најавено за период од 25-ти до 28-ми мај во Сингапур.

Иако WEF и владата на Сингапур и понатаму сметаат дека мерките што се на сила овозможуваат безбедно и ефикасно одржување на состанокот и дека пренесување на заразата во таа земја е на занемарливо ниво, терминот е поместен поради меѓународните потешкотии во сузбивање на пандемијата.

Во овој момент, глобалните ограничувања на патувањата не дозволуваат одржување на состанокот со физичко присуство. Покрај тоа, различните прописи за карантин и авиопревоз го зголемија времето потребно сите учесници на глобално ниво да обезбедат патни и хотелски аранжмани за да се приклучат на состанокот.

Состанокот во Сингапур доаѓа откако во јануари оваа година за првпат по 51 година традиционалниот форум во Давос се одржува во дигитална форма поради пандемијата.

Фото: Freepik