Poseidon – туш кабина за лица со инвалидитет

27

poseidon_stol3-e1463043284189

Фото: Poseidon

Poseidon е иновативна туш кабина наменета за стари лица и луѓе со инвалидитет, којашто овозможува самостојно туширање и одржување на лична хигиена.  Кабината е првенствено наменета за оние лица што не можат да одат поради старост или некакво оштетување/болест на ‘рбетниот столб.

Со помош на Poseidon се избегнуваат лизгања на подот и се елиминира потребата од помошници во бањата. Освен тоа се заштедува и време коешто е многу потребно во медицинските установи. Кабината вклучува и стол со ергономски облик контролиран од напреден софтвер, сензори и мотори.

Седиштето во два дела се прилагодува на висината на корисникот и ја дава потребната поддршка на грбот. Во кабината има доволно простор, а мат стаклото придонесува за целосна приватност. Млазови од вода и сапун се дистрибуираат одделно преку 14 млазници. Температурата и притисокот се местат според желба на корисникот, а има и посебен туш што може да досегне без проблем.

Материјалите од коишто е направен Poseidon вклучуваат стакло, алуминиум и нетоксичен композитен материјал (стаклени влакна).