Поштел Брокер трајно исклучен од членството во Македонска берза

40

makedonska-berza2

Одборот на директори на Македонска берза донесе одлука за трајно исклучување од членството во Берзата на членката Поштел Брокер АД Скопје.

“Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членството во Берзата на членката Поштел Брокер АД Скопје, согласно Решението на Комисијата за хартии од вредност, со коешто трајно се одзема дозволата за работа на Поштел Брокер“, се вели во соопштението на Македонска берза.

Одлуката за трајно исклучување од членството во Берзата на Поштел Брокер се применува од 27-ми јануари оваа година.