Поскапеа угостителските услуги во септември

43

Цените на угостителските услуги во септември оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во септември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,5%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, а за исто толку се зголемени и во однос на декември 2019 година.