Поскапи цените на угостителските услуги во мај

28

Цените на угостителските услуги во мај оваа година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2%, Алкохолни пијалаци за 0,7%, Безалкохолни пијалаци за 1,1% и Ноќевања за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во мај 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,4%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2020 година се зголемени за 0,1%.

Фото: Freepik