Поскапува стоката од Кина, цената на транспортот драстично скокна

215

Германскиот економски институт предупредува дека во наредните неколку месеци ќе има недостиг на стоки од Кина. И цените ќе бидат значително повисоки бидејќи трошоците се поголеми. Контејнерите од Кина се полни, а тие се враќаат празни, бидејќи поради корона кризата нема доволно стоки од Европа.

Цената на транспортот со контејнери од Кина до Европа се движеше од 3.600 до 4.000 евра по контејнер. Сега таа цена се искачува од 8.000 до 9.000 евра, во зависност од тоа од кое кинеско пристаниште доаѓа.

Приоритет имаат оние со претплата во кинеските компании, а од Европа поради заостанато производство се враќаат празни или 30% натоварени.

“Во трговијата нема милост. Не поскапе кинеската скопа туку нејзиниот транспорт, а тоа мора некој да го плати. Free shipping останува дaлеку зад нас и за сè мора добро да се плати, ако не сакате стоката да ви дцни“, вели Ху Јинг, директор на шангајско пристаниште.

Обемот на трговија на Кина со 17 земји од Централна и Источна Европа достигна 103,15 милијарди долари во 2020 година, надминувајќи 100 милијарди долари за прв пат, а соработката се подобрува од година во година.

“Кина веќе произведува 80% од она што и е потребно. На Кина и се потребни само суровини и софистицирани полупроизводи“, вели Хи Веи, економист од Кина.

Фото: Pixabay