Поскапуваат горивата

43

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 98 поскапува за еден денар и ќе чини 61,50 денари за литар. За 1,50 денари за литар поскапуваат бензинот Еуросупер БС – 95, чија нова цена ќе биде 60 денари, и дизелот Еуродизел (Д-Е V) којшто ќе чини 51 денар за литар.

За денар и пол поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), што оваа недела ќе се продава по 51 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,384 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 09.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 27,580 ден/кг.

Фото: Freepik