Последиците од оваа пандемија ќе траат со години

117

На светот ќе му бидат потребни неколку години за да може за закрепне од пандемијата на коронавирус, предупредуваат од Организацијата за меѓународна соработка и развој (Organization for economic cooperation and development – OECD), пренесува ВВС.

Според Анхел Гуриа, генерален секретар на OECD, овој економски шок е поголем од она што со себе го носат финансиските кризи.

“И во случај да не настапи глобална рецесија, сепак во многу земји или ќе има негативен раст или стагнација, вклучувајќи и поголемите економии. Ова не само што ќе ги намали изгледите за економски раст оваа година, туку и ќе биде потребно многу повеќе време за да се постигне тоа во иднина“, вели Гуриа.

Тој рекол дека до пред неколку недели, претставници од клубот G20 најмоќни нации, веруваа дека процесот на закрепнување ќе се одвива како буквата V, со кратка и силна надолна линија во поглед на економската активност, а потоа исто толку брзо и силно да се издигне во раст.

“Јас не се согласувам со идејата за V феноменот… Сега добро знаеме дека осцилациите нема да се одвиваат во таква насока“, смета Гуриа.

Фото: Pixabay