Вип ги информира своите корисници на мобилната постпејд телефонија дека имаат можност да купат билет за возење во автобусите на ЈСП Скопје од својот мобилен телефон. Со оваа услуга купувањето билет е многу едноставно, а сè што треба да направат е да ги следат следните чекори.
За да може да се купи билет, потребно е претходно корисникот да ја активира услугата. За активацијата којашто е бесплатна, корисникот треба да испрати SMS со текст START на бројот 14 11 14. Како потврда за успешна активација на услугата корисникот добива СМС порака.
Откако корисникот ќе го избере бројот 185 треба да го приближи телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот. Апаратот го регистрира корисникот – при успешно купување корисникот добива звучна и светлосна сигнализација од валидаторот. Корисникот добива СМС порака како потврда за успешно купување на билетот. Корисникот потребно е да ја зачува пораката до крајот на возењето.
Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Максималниот месечен лимит за купување билети од мобилниот телефон е 1.800 денари.