Поставен 41 терминал за безготовинско плаќање за вадење на изводи

23

Управата за водење на матични книги постави 41 терминал за безготовинско плаќање за добиената услуга во своите подрачни одделенија и канцеларии на територијата на Република Македонија.

“Изводите од матичните книги на родени, умрени, венчани, уверенијата од матичната евиденција, како и уверенијата за слободна брачна состојба и плаќањето на надоместоците за склучување на брак, граѓаните ќе можат да ги платат со Маестро, Мастер, Виза, Виза Електрон, како и други платежни катрички кои се користат во домашна употреба”, се вели во соопштението на Управата за водење на матични книги.
Од Управата додаваат дека со ваквиот начин на плаќање, граѓаните се поштедуваат од плаќање на поголема провизија при готовинско плаќање на шатерите на банките и поштите.
“Со овој начин на плаќање граѓаните побрзо ја завршуваат административната постапка за добивање на документи од матичната евиденција. Со оваа постапка граѓаните штедат пари и време, а документите ги добиваат во најкус можен рок”, додаваат во соопштението од Управата.