Постепено зголемување на минималната плата на 10.080 денари

23

denari (1) Во следните 10 дена ќе се понуди законско решение со кое минималната плата од 8.050 денари ќе се зголеми на 10.080 денари, соопштуваат од Владата на Република Македонија.
Зголемувањето ќе се изврши во период од три години, односно од март 2014 до март 2016 година, со што директно ќе се зголемат платите на околу 65.000 работници во Македонија.
Во март 2014 година, минималната плата ќе се покачи на 8.800 денари, во март 2015 година, таа ќе изнесува 9.590 денари, за во 2016 година да достигне 10.080 денари.
Во текстилната и кожарската индустрија, во март 2014 година ќе биде испатена плата од 7.500 денари, во 2015 година од 8.050 денари, а додека пак во 2016 година, платата ќе достигне 9.000 денари.
Во овие две гранки предвидено е да има и дополнителни две години за зголемување на платите за да се достигне минималната плата од 10.080 денари, поточно во март 2017 година е предвидено текстилните и кожарските работниците да земаат плата од 9.590 денари, а во март 2018 година таа да изнесува 10.080 денари.
Од Владата соопштија дека за оваа мерка веќе се направени неформални консултации со синдикатите, коморите и работодавачите.