Потпишан договорот за изградба на дел од минор коритото на Крива Река

48

Во општина Крива Паланка денеска беше потпишан договор за изградба на дел од минор коритото на Крива Река. Проектот е финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој ќе го имплементираат Општина Дупница од Бугарија како лидер- партнер во проектот и општина Крива Паланка како партнер во проектот.
Вкупната вредност на проектот изнесува 499.987,75 евра, општина Крива Паланка располага со дел од буџетот во износ од 243.636,64 евра, наменет за исполнување на целите и активностите на проектот. Проектот спаѓа во групата на инвестициски проекти, финансиран под приоритетната оска за подобрување на квалитетот на животот од мерката за користење на природни ресурси.
Општата цел на проектот е подобрување на квалитетот на животот и атрактивноста на прекуграничниот регион со спроведување на мали инвестициски мерки за намалување и заштита од негативните ефекти од поплави. Ќе се постигне преку регулатива на негативното влијание од поплави, рехабилитација на заштитни ѕидови на реките и чистење на речните корита и интеграција на реките во урбаните аспекти на Дупница и Крива Паланка.
Главната цел на проектот е во целост во согласност со целокупната програма цел да се обезбедување на одржлив развој и за поддршка на пошироката европска соработка и европска интеграција.
Изведувач на градежните работи ќе биде фирмата Цвет Компани од Скопје, а стручен надзор е фирмата Геос М-ДООЕЛ од Скопје.