Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Центарот за стручно образование и обука и Програмата за зголемување на пазарната работливост

53

DSC_2712

Директорката на центарот за стручно образование и обука (ЦСОО), Ајше Селмани, и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Розанди Лоу потпишаа меморандум за разбирање за партнерството помеѓу Програмата и Центарот во наредните четири години, се вели во соопштението.

Меморандумот се однесува на соработката при воведувањето на нови наставни програми согласно потребите на пазарот на труд и потребата за зајакнување на врските помеѓу приватниот сектор и стручното образование во трите области во кои работи програмата: туризам и угостителство, зелена економија и креативни индустрии.

Партнерството помеѓу ИМЕ програмата и ЦСОО е насочено кон поддршка на системот за стручно образование за зајакнување на вештините и квалификациите на учениците, согласно потребите на пазарот на труд, подобрување на нивните можности за вработување и зголемување на нивните претприемачки вештини. Исто така, заедничката соработка ќе се однесува на развивање на капацитетите на наставниците и стручните соработници за остварување на ефективна соработка со приватниот сектор, подобрување на координацијата меѓу сите чинители и создавање на култура на родова еднаквост како важни аспекти интегрирани во активностите на ИМЕ програма.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Првата фаза од програмата се имплементира од 2015 до 2019 и е со буџет од 6,25 милиони швајцарски франци.

Очекуваните клучни резултати од програмата се, во период од 4 години, да се создадат повеќе од 2.000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1.000 мали и средни претпријатија за 1,5 милиони евра.