Потпишани договори за финансирање на 17 иновативни проекти

27

inovacii 1

Иновативни проекти ќе спроведуваат десет старт – ап и спин – оф претпријатија со грантови до 30.000 евра од Фондот за иновации и технолошки развој, а седум фирми ќе ги комерцијализираат своите иновации со грантови до 100.000 евра, пишува Миа.

Добитниците на грантовите за 17-те избрани проекти на вториот повик на Фондот вчера потпишаа договори.

За избраните проекти со инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт – ап и спин – оф се обезбедени  вкупно 277.000 евра. Ќе ги користат претпријатијата Максолушн нет, Мобидониа, Таг тајминг, Модулар Арт, Фабула Табула, ДПТУ Вортекс медио, Алиментос, Ајс Технолоџи Наташа, Интерактив Гејминг и Гардиан системи. Седум од проектите се од ИТ секторот, два од областа дизајнот и уметноста, а еден од технологии применети за спорт.

За останатите седум проекти избрани со инструментот кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации се обезбедени 600.000 евра. Избрани фирми со овој инструмент се: Металотехника, Иновејшн, Акрон, Био инжинеринг, Геосонд, Фарма биоаква и Ни текна. Два од проектите се од ИТ областа, а по еден од производство на неметални минерални производи и на мебел и по еден од инженерство, градежништво и земјоделство.

Со вториот повик Фондот доделуваше вкупно 1,3 милиони евра, но 400.000 евра наменети за кофинансирани грантови за трансфер на технологии нема да бидат распределени. Најголемиот дел од проектите што биле доставени за тој инструмент, според Фондот, не го исполнувале условот за секторски пристап.