Потпрограмата Медиа на ЕУ отворена за македонските медиуми

27

Потпрограмата Медиа, која е интегрален дел на Програмата на ЕУ Креативна Европа за периодот 2014-2020, е достапна и за македонските медиуми зашто Република Македонија и македонскиот аудиовизуелен сектор официјално станаа нејзини полноправни учесници, пишува Миа.

За оваа потпрограма е наменет најголем дел од вкупниот буџет на Креативна Европа (56%, односно 800 милиони евра на европско ниво).

Медиа досега не беше отворена за македонските медиуми поради неусогласенот на домашната со европската легислатива (Директивата на ЕУ). Конкретна пречка беше членот за саморегулација на медиумите кој постоеше во почетните верзии на законите (Законот за аудиовизуелни и медиумски услуги и Законот за медиуми), но беше повлечен од Министерството за информатичко општество и администрација.

“Сите медиуми во Република Македонија сега ќе имаат можност да аплицираат за финансиските средства на Европската унија и со тоа да креираат аудиовизуелни дела коишто ќе бидат поквалитетни, и во содржина и во начинот на нивната обработка, и со тоа да се освојуваат други пазари, односно да се креираат содржини кои ќе може да се продаваат надвор од територијата на Македонија. Значајно е и тоа што потпрограмата Медиа отвора простор за креирање видеоигри. Пазарот на видеоигри е еден од најголемите во информатичкиот сектор, имаме средни и мали претпријатија во Македонија кои веќе активно се занимаваат со креирање на видеоигри. За нив сега се отворени овие фондови од ЕУ“, рече министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и апелираше до вработените во аудивизуелниот сектор да ги искористуваат средствата кои се на располагање.