
Европските индекси паднаа, а цените на нафтата се искачија на речиси 108 долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата за ситуацијата на Блискиот Исток објави дека САД ќе го удрат Иран „исклучително силно“ во следните две или три недели.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се зголеми за 6,41 процент на 106.494 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на нафтата од типот Брент се зголеми за 6,62 проценти на 107,9 долари.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 1,41 процент на 22.946,81 поени, францускиот CAC 40 за 1,23 проценти на 7.883,07 поени, британскиот FTSE 100 за 0,56 проценти на 10.306,32 поени, а московскиот MOEX порасна за 0,22 проценти на 2.781,13 поени.
Европските фјучерси за гас за мај беа продадени на отворањето на берзата TTF во Амстердам по цена од 50.250 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 4.621,42 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,0456 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата е 1,15317 долари, што е за 0,5 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.











