Потрошувачка по енергенти во август

28

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во август оваа година, изнесува: 561.147 МWh електрична енергија, 31.430 мил. нм3 природен гас, 520.735 тони јаглен и 114.629 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 98,6% во бруто -домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,2 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Фото: Pixabay