Потрошувачка по енергенти во декември

49

Фото: Pexels

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во декември лани, изнесува: 870.057 МWh електрична енергија, 34.197 мил. нм3 природен гас, 570.244 тони јаглен и 83.528 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 70,9 % во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,6% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.