Потрошувачката по енергенти во мај оваа година изнесува: 548 059 МWh електрична енергија, 3.251 мил. нм3 природен гас, 330.496 тони јаглен и 91.735 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,3 % во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 92,3% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.