Потрошувачка по видови енергенти во ноември

13

Во ноември 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 695.934 МWh електрична енергија, 33.459 мил.нм3 природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 79,8% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,6% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.