Потрошувачките цени во Македонија скоро половина од европскиот просек

90

cena

Потрошувачките цени во Македонија во 2013 година биле скоро половина од европскиот просек, 47%, според агенцијата за статистика на Европската унија Eurostat.

Храната и безалкохолните пијалоци се 59% од европскиот просек, потрошувачките цени на алкохолот и тутунот се 38% од тој просек, а цените на облеката – 77%.

Од останатите земји во регионот, потрошувачките цени во Албанија се 51%, Босна и Херцеговина 53%, Србија 54%, Црна Гора 56% од европскиот просек. Хрватска и Словенија, земји членки на Унијата, имаат потрошувачки цени од 68%, односно 83% од просекот во ЕУ. Потрошувачките цени во Бугарија, земја членка на ЕУ, се за еден процентен поен повисоки од нашите и изнесуваат 48%. Со ова Бугарија е најевтината земја во ЕУ.

Данска, според потрошувачките цени, е најскапа земја бидејќи статистиката покажува 40% над просекот во ЕУ. По Данска следи Шведска со 30%, Луксембург и Финска со 23% над европскиот просек.