Повеќе од 200 учесници дел од Endava Tech Flow настанот во Скопје посветен на иновации

41

endava-tech-flow

Следејќи го успехот на првиот настан Endava Tech Flow, којшто се одржа во мај годинава и на кој учествуваа повеќе од 170 ИТ професионалци и ентузијасти кои дискутираа на тема Agile Best Practices, компанијата Ендава организираше уште една конференција од серијата на Tech Flow настани на што фокус овој пат беа иновациите и трендовите во ИТ секторот. На едно место се споија повеќе од 200 експерти и иноватори од ИТ индустријата кои се вклучија во разговорот за врвни технологии, методологии и влијателни личности кои ја придвижуваат иновацијата во ИТ сферата, стои во соопштението.

Интернационалниот говорник, автор, активен член на софтверската инженерска заедница и главен технички директор во Ендава, Еоин Вудс го одржа главниот говор и се фокусираше на предизвиците, можностите и придобивките што blockchain технологијата може да ги понуди.

“Во зависност од тоа со кого зборуваш за blockchain, еден став е дека технологијата засекогаш ќе го промени начинот на којшто градиме системи, а друг став е дека ќе биде корисна само за крипто валутите. Иако е релативно нова технологија, делови од blockchain се употребуваат во различен тип на апликации меѓу кои и процесирање на финансиски трансакции, менаџмент на идентитет, чување на јавни документи и следење на синџирот на набавка на значајни производи. Сепак, моќните специфики на blockchain имаат и свои компромиси, а еден од нив е невообичаената конструкција која blockchain ја има во себе“, вели Вудс.

Продолжувајќи го разговорот околу blockchain, Гоце Каламадевски кој е одговорен на сектор за развој во Ендава, зборуваше за алатките, програмските јазици и можните употреби на оваа нова и возбудлива технологија. Тој праша – Што се случува кога ќе слушнете за blockchain и едвај чекате да направите нешто со таа технологија?“.

“Доколку имате некакво предзнаење или пак само сакате да ја пробате blockchain технологијата прво мора да се запознаете со екосистемот и да ги земете во предвид опциите пред да се одлучите за пристапот. Etherium и hyperledger се две опции кои нудат различни можности за развој на децентрализирани апликации користејќи blockchain. Иако се различни, etherium и hyperledger работат заедно и го приближуваат развојот на апликации кон следното ниво на развој“, додава Каламадевски.

Истражувајќи како квалитетот на софтверскиот развој ја поттикнува иновацијата, Елизабета Илиевска, искусен софтверски инженер им претстави на присутните проверен и тестиран метод за менаџирање на технички долг во средина којашто постојано и рапидно се менува, а нејзиниот говор е инспириран од употребата на Quality Views на Tesla. Додека Стефан Спасовски, искусен софтверски инженер во Ендава претстави неконвенционална, но практична паралела помеѓу софтверскиот развој и уметноста.

Владо Божиновски, лидер на секторот за дизајн во Ендава и Александар Трајановски, искусен софтверски инженер во компанијата, споделија значајни впечатоци и знаења во некои од системите и технологиите кои може да станат револуционерни во интернет – сферата како и во компјутерската ера во која нема да се користат сервери.

По презентациите, присутните имаа можност да се дружат и да дискутираат за тоа како можеме да ја приближиме иновацијата во секојдневните работни ангажмани и како можеме да почнеме да ги користиме некои од возбудливите технологии и методологии кои беа презентирани на сцена.