Втората најнаселена земја во светот е апсолутен рекордер по бројот на (не)продадени автомобили за еден месец за време на пандемија на коронавирус.
Пандемијата ги зафати сите пори на општеството на глобално ниво, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија.
Фабриките беа затворени со недели, како и салоните, така што единствената продажба на автомобили можеше да се оствари преку испорака. Затоа не изненадува што некои пазари паднаа за 50% или повеќе во однос на истиот период минатата година.
Сепак, апсолутен рекордер е Индија. Во земјата со 1,35 милијарди жители во април не е продаден ниеден нов автомобил, пренесува Business Insider.
Прогласувањето на карантин во Индија значеше затворање на сите фабрики и салони за автомобили, а продажбата буквално застана.
Единствени кои пријавија продажба во април се Maruti Suzuki со 632 и Mahindra & Mahindra со 733 возила, но за извоз.
Фото: Pixabay