Повеќе туристи во јуни во споредба со истиот месец минатата година

10

Бројот на туристите во јуни 2015 година изнесува 71.384, а бројот на ноќевањата изнесува 174.785, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 1,0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,3%.
Бројот на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 10,3%, а бројот на странските туристи е намален за 2,5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 10,6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1,8%.
Во периодот јануари – јуни 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,9%, а кај странските има зголемување за 11,6%.
Во периодот јануари – јуни 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5,5%, а кај странските има зголемување за 6,9%.