Повеќето домаќинства во ЕУ имаат стабилни приходи

55

Во Европската унија, во 2021 година, 84 отсто од населението живеело во домаќинство чиј нето приход, во споредба со 2020 година, или останал стабилен (66,5 отсто) или се зголемил (17,5 отсто).

Од друга страна, 16 отсто од граѓаните на ЕУ пријавиле намалување на нето приходот, покажуваат податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ (Евростат).

„Уделот на населението што живеело во домаќинство со повеќе или помалку стабилен приход минатата година во споредба со претходната година бил над 50 проценти во сите земји-членки на ЕУ, што се движи од 50,7 проценти во Кипар до 84 проценти во Италија“, пишува во извештајот на Евростат.

Учеството на населението кое имало зголемување на приходот на домаќинствата се движело од 4,9 отсто во Италија до 34,8 отсто во Чешка, додека намалувањето на приходите се движело од 5,4 отсто во Романија до 27,6 отсто во Кипар.

Во 17 земји-членки на ЕУ, учеството на населението кое пријавило зголемување на приходите било поголемо од уделот што пријавило намалување. Разликата беше повеќе од десет процентни поени (п.п.) во осум од овие земји-членки.

Од друга страна, учеството на населението кое пријавило намалување на приходите било поголемо од уделот што пријавило зголемување во девет земји-членки, а разликата е под десет п.п. во осум од 17 земји-членки.