Повисок индикатор на доверба во преработувачката индустрија во декември

8

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2016 година е за 0,3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на декември 2015 година е зголемен за 4,6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2016, во однос на ноември 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на претходниот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2016 година е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец, а многу поповолна е во однос на декември 2015 година. Оценката за бројот на вработените е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2016 година изнесува 66,6% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,8%, недостигот на квалификувана работна сила со 19,6% и недоволната домашна побарувачка со 19,3%.