Повисоки цени на угостителските услуги во мај

26

Цените на угостителските услуги во мај, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во мај, во споредба со април оваа година, останаа на исто ниво.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, а и во однос на декември 2019 година се зголемени за 0,3%.

Фото: Freepik