Повисоки цените на угостителските услуги во јуни

39

Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со претходниот месец, се повисоки за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во однос на истиот месец од претходната
година, се зголемени за 0,6%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2014 година се зголемени за 0,3%.