Повисоки очекувања за раст на американската економија

24

Федералните резерви на САД ги зголемија своите очекувања за раст на американската економија, но укажуваат дека нема зголемување на каматните стапки најверојатно до 2023 година и покрај можноста за зголемена инфлација оваа година.

Се очекува бруто домашниот производ на САД да забележи раст од 6,5% оваа година. За 2022-ра и 2023-та година се предвидува раст од 3,3 односно 2,2% пред растот да се смири во долгорочниот распон од 2,3%.

Во однос на инфлацијата, фискалните власти на САД очекуваат раст од 2,2% мерен преку потрошувачките цени.

Фото: Pexels