Повисоки продажните цени на индустриски производи во декември

49

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември лани, се повисоки на месечно ниво за 0,4%, а се пониски за 0,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,7%, и во секторот Преработувачка индустрија за 0,5%, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2%.

Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,7%.